|
БЕГОВО ПОЛЕ 2011
ПРОГРАМА
24ти јуни, петок
• Тргнување од Скопје во 17:00 со организиран превоз.
• Пешачење (3 часа) од Преслап до планинарскиот дом
Караџица во придружба на планинарски водачи.
• Сместување во планинарскиот дом Караџица и
шатори, во камп поставен во непосредна близина на
домот.
25ти јуни, сабота
• Во 5:00 часот наутро, под водство на искусни водачи,
една група тргнува кон Солунска Глава, 2540м.
Групата се приклучува на забавата на враќање.
• Во 07:00 втората група тргнува кон Бегово Поле, под
Солунска Глава.
• Од 11:00 до 16:00 забава со жива свирка на Бегово
Поле, на над 2000м надморска височина, обезбеден
шанк со пијалоци по пристапни цени.
• Враќање во планинарскиот дом Караџица во
попладневните часови и планинарско гравче.
• Логорски оган и забавата продолжува неограничено!
26ти јуни, недела
• Факултативни прошетки по желба во околина на домот: врвот
на Мумџица, карпата во форма на жаба, Кадина река...
• Во 12:00 тргнување кон Преслап и организиран
превоз до Скопје.
СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ
За да можете максимално да уживате во природните убавини на планината неопходно
е пред се да бидете безбедни и да се чувствувате удобно за време на престојот во неа.
Затоа, препорачливо е да се придржувате кон следните совети:
Обувки: Високи, лесни обувки кои не пропуштаат вода. Добро е обувките да се
предвидени за движење по планина во летни услови и да се половина до еден број
поголеми од вашите вообичаени обувки.
Чорапи: Носете повеќе чорапи - 6 пара чорапи за 2 дена, од кои 3 пара волнени
или специјални чорапи за планинарење. Најдобар начин да се избегнат плускавци на
стапалата е да се носат два пара чорапи и кондурите да се доволно цврсто врзани до
горе (но не и престегнати).
Облека: Препорачлива е спортска облека со долги ногавици за заштита од
крлежи и долги ракави која лесно се суши. Носете доволно резервни маици за
пресоблекување. Имајте топла облека (џемпер, капа, ракавици), посебно за навечер.
Заштита од сонце: Препорака е да се користат очила за сонце со висок степен
на UV заштита и средства за сончање со повисок фактор. Добро е главата да се покрие
со капа или марама.
Заштита од дожд: Во случај да врне, носете шушкава јакна за дожд и/или
дождовна кабаница.
Вода: Препорачливо е да носите најмалку еден литар вода или не многу засладен
чај за пиење. Газираните пијалоци само привидно ја гаснат жедта.
Храна: Пред одењето е препорачлива лесна храна, богата со јаглени хидрати. За
време на пешачењето се препорачува високоенергетска храна: бонжита, чоколади,
суво овошје, јаткасти овошја и сл. Пресметувате го количеството храна во број на
потребни оброци и секогаш носете резерва лесна храна, за случај престојот во
планина да се продолжи од било која причина.
Дополнителна опрема и лекови: Планинарска книшка (доколку имате) и
средства за лична идентификација; Батериска ламба, најдобро-челна; Џебно ноже;
Влажни марамчиња за хигиена; Лабело; Стапови за одење - штеки; Кеса за собирање
на сопственото ѓубре.
Прирачна аптека: аспирин, парацетамол, ханзапласт, завој, еластичен завои,
фластер, средство против дијареа и сл. (тоа се истите лекови кога се оди на одмор).
Ранец: Добро е ранецот удобно да ви лежи на грбот и работите кои ќе ги пакувате
во ранецот претходно добро да ги замотате во најлон кесички во случај на дожд.
Tешките работи да ги ставите најдолу во ранецот и тој да не е потежок од 20% од
тежината за возрасен човек.
Препораки за време на движењето низ планина
- При движењето на колоната, ќе има видно означени водачи на чело на колоната, на
крајот од колоната и низ самата колона.
- Почитувајте ги препораките на водачите и консултирајте се со нив доколку имате
проблеми за време на движењето низ планината!
- Внимавајте со употребата на алкохол за време на престојот во планина бидејќи
алкохолот во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и вашата
безбедност во планината!
- Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, за да биде убава и чиста и кога
следниот пат ќе дојдеме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето собирајте
го во кеса!
БИЛЕТИ
Основен — сопствен превоз (велосипед, мотор,
џип), сместување во обезбедени шатори и
вреќи за спиење, концерт во живо на 2000м,
планинарски ручек (гравче) во домот, и
вечерна забава во домот—500 ден.
Шаторски — превоз од и назад до Скопје,
сместување во обезбедени шатори и вреќи
за спиење, концерт во живо на 2000м,
планинарски ручек (гравче) во домот, и
вечерна забава во домот—800 ден.
Креветски — превоз од и назад до Скопје,
сместување во соба во домот, концерт во живо
на 2000м, планинарски ручек (гравче) во
домот, и вечерна забава во домот—1,000 ден.
Билетите може да се набават
на следниве телефони:
Марија 071 619 977
Искра 071 391 033
или преку е-пошта:
kps (et) makedon.mk
Со почит,
Претседателка на КПС „Македон“
Искра Геразова
| |