 |
|
|
|
|
Маркирање на Китка (22.04.2012) Во рамки на проектот за маркирање беше организирана еднодневна работна акција на Китка. Појдовме во недела наутро во 7:00 часот од паркингот пред поштата на Железничка станица со комбе, а групата броеше осум членови: Аце, Весна, Алек, Петар, Дуле-Шулц, Лина, Оле и Ирена. Во село Горно Количани ...

|
|
Шумски резерват ЈАСЕН (13.04.2012) За време на Велигденските празници на 13.04.2012: Искра, Зоки - Ханс, Цаци и Тања (другарка на Цаци ) направивме еднодневна тура низ шумскиот резерват Јасен. Познат по специфичната флора, фауна и геолошките природни реткости, со површина од околу 32 илјади хектари, резерватот ги опфака западниот масив од Јакупица, Караџица, Сува Планина и Сува Гора, кањонот на реката Треска ...

|
|
|
|
ВРТЕШКА - ПЕШТЕРА ЌУП - ВРВ ТУРТЕЛ - МАСКЕНБАЛ 31.03 - 01.04.2012 ПК “Македон“ организираше дводневна планинарска акција и забава маскенбал на планината Плачковица - плaнинарскиот дом Вртешка - Штип. На акцијата учествуваа 28 лица : Аце, Весна, Фросина, Дуле, Мила, Зоран, Бојан, Кате, Петар, Зоран (Ханс), Дуле, Лина, Дарко, Кате, Марио, Ема, Анета, Марко, Цаци, Винка, Соња, Оли, Љубица, Виктор, Николчо, Верче и децата Бојан и Михаил ...

|
|
Чеплес - Солунска Глава Во текот на викендот 18 - 19.о2. 2012 год. се изведе планинарската акција Чеплес - Солунска Глава. Учесници – Атанас Стојковски, Весна Ивановска, Фросина Ивановска, Александар Кирковски, Диме, Дејан Битола – Водич на акцијата, Тања Пенева, Оле, Анѓелина – Лина, Влатче, Дарко Јаневски, Петар Ивановски, Душко Христов, Маријан – Макси и Николчо Петров ...

|
|
|
|
Љуботен 2499м (29.01.2012) Временската прогноза за последниот викенд од јануари не беше поволна, а исто така и состојбата со обилната снежна покривка. Токму поради тоа интересот за искачување на Љуботен беше многу мал, односно имаше само тројца пријавени. Во недела (29.01.2012) во тричлен состав (Алек, Петар и Дејан Бт) во 6:15 наутро ...

|
|
ИСКАЧУВАЊЕ НА ЉУБОТЕН ПО ПОВОД - ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ По повод денот на ослободувањето на Скопје, во организација на ПК “Трансверзалец” и ПК “18 Август”, се одржа второт по ред, а се надевам ке стане традиционално, искачување на врвот Љуботен на Шар Планина. Како клуб од Скопје, со радост се приклучивме кон оваа манифестација, со скромен придонес и учество на 13 наши членови. Бојан, како организатор не собра ...

|
|
|
|
ПОПОВА ШАПКА – БОГОВИЊСКО ЕЗЕРО – врв БОРИСЛАВЕЦ И ОБРАТНО Интерес за оваа акција пројавија само пет члена од ПК „Македон“ како предлог за еднодневна тура која беше планирана за овој викенд. Договорот беше да се тргне од Скопје во 05:15 кога по пат и беше собран и последниот член. На Попова Шапка, стигнавме во 06:40 часот. По мали проверки ...

| |
|
|
Триглав 2864м (16-18.03.2012) Идејата за зимско искачување на Триглав (2864 мнв) произлезе уште минатото лето за време на искачувањата на Алпите, а се интензивираше кога пристигна зимата. Водич на искачувањето беше договорено да биде Андреј, кој веќе имаше претходни зимски искуства на словенечките алпи. Чекавме само уште поволни временски услови, а тоа се случи ...

| |
|
|
Остри Врв – 18.03.2012 Според договореното, во 7 часот пристигнавме до с. Патишка Река со 2 коли и 9 луѓе – Дуле водач, Дејан – Битола, Оле, Лина, Диме, Мартин, Петар, Макси и Зоки. Прогнозата за тој ден беше Сонце и слаб ветар. По кратки подготовки, тргнавме кон нашата цел – Остри Врв. И покрај снегот што го имаше во изобилие, лесно се движевме и по кратки паузи ...

| |
|
|
Алпи 2011 Акцијата “Алпи 2011“ започна на 12.07.2011 кога во попладневните часови го напуштивме Скопје во четиричлен состав (Алек, Дарко, Атанас и Вики) и тргнавме на долга авантура во Италија и Франција. Нашата прва станица наредното утро беше градот Копер на словеченкото приморје од каде ни се приклучи и Андреј, петтиот член на нашата екипа, по што продолживме кон Алања ...

|
|
Титов врв 21-22.03.2012 За време на искажувањето на Остри врв при спонтан разговор со членовите од нашето планинарско друштво, дојдовме до идеа да ја организираме една од најатрактивните планинарски акции „Ноќно“ искачување на Титов врв. На наше огромно задоволство акцијата наиде на поголем одзив од ПК „Македон“. Според постигнатиот договор точно во 21ч пристигнавме со две коли на Попова Шапка, и тоа членовите: Дуле - водач ...

|
|
|
|
Богородица, Св.Спас, Св.Недела и погоре на Матка Шест члена група дополнета од две кучиња под иницијатива, организација и водство на Бојан, во саботата, 17.03.2012 бевме „од другата страна“ на Матка. Тоа е десниот дел, од кај трите цркви, што нагоре се продолжува кон портите на стрелиштето Јасен, па уште понагоре кон сртот на Сува Гора со повеќе безимени врвчиња. Времето беше преубаво ...

| |
|
|
Трансверзала „Скопје – врв Солунска глава – с. Папрадиште (железничка станица Ореше)“ Членовите на ПК Македон во овој период (август 2011 - јуни 2012) работат на реализација на проектот Трансверзала „Скопје – врв Солунска глава – с. Папрадиште (железничка станица Ореше)“. Истиот е финансиран од Швајцарската амбасада преку нивната Канцеларија за соработка во Скопје. Проектот се состои од расчистување и обележување на трасата на трансверзалата ...

| |
|
|
Пелистер – Брајчино (10.6.2011 – 12.6.2011) Се започна во петок(10.6.2011) наутро, во 6 часот. Тргнавме од пред Олимписки базен, 16 луѓе со 4 коли. Учесниците беа: Јас (Мартин), Бојан, Мила, Лина, Аце, Дуле, Петар, Диме, Кате, Никола, Николче и жена му Верче и уште четири особи кои не беа членови на Македон. Патувавме со ...

| |
|
|
Осогово - Руен(2525) и Царев врв(2085) На 24.05.2011 (вторник), КПС "Македон" изведе еднодневна планинарска акција на планината Осогово. На акцијата учествуваа осум членови од клубот: Виктор, Дуле, Иван, Ирена, Дејан, Аце, Диме и Алек. Во 05:30 часот тргнавме од Скопје према рудникот Саса, а по пат од Кочани го зедовме нашиот домаќин и водич на акцијата, Виктор.

| |
|
|
Караџица - Солунска глава 21-22.05.2011 На 21 и 22 мај 2011 година, група од 14 планинари од КПС "Македон" изведовме дводневна планинарска акција. Акцијата беше поделена на два дела, едниот дел беше одење до планинарско дом Караџица, а другиот дел до Солунска глава. Во саботата (21.05.2011) во 17 часот, од паркингот пред железничката станица во Скопје, со комбе се упативме до Преслап, од каде што продолживме до домот Караџица.

|
|
Мурато, мај 2011 Од 7 до 9 мај 2011 г. група планинари од КПС „Македон“ (Алек, Петар, Александра, Боби, Катерина, Даре, Аце и Искра Д.) учествуваа на традиционалниот марш посветен на Димитар Илиевски – Мурато кој оваа година се одржа по 22-ри пат.
Распоредени во две коли тргнавме за Битола на 7 мај околу 18 часот.

|
|
|
Рафтинг на Тара Продолжениот викенд кој почнуваше со баксуз ден петок 13, 14, 15 и 16 мај, една храбра девојка, Мила, и шест машки, Јас (Бојан), Мартин, Даре, Игор, Петар, и Даме (кој не е член на КПС Македон, меѓутоа одлично се вклопи) решивме да го искористиме за покачување на адреналинот. Во раните утрински часови, околу 07:30 минути, пред олимпискиот базен во Скопје, се собра целата екипа и со две коли (на Даре и Петар кои воедно беа и возачи) тргнавме накај Босна и Херцеговина, преку Србија ( Краљево, Чачак, Ужице, итн.).

|
|
Шар планина - Кобилица(2528) и Црн врв (2585) На 15.05.2011 (недела) група од пет планинари од КПС "Македон", Дуле, Мартин, Иван, Дејан и Диме, се искачивме на Кобилица и на Црн врв. Стартот беше од село Бродец, прво се искачивме на Кобилица, а потоа и на Црн врв.
Дел од сликите од акцијата се во прилог.

|
|
|
ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА
С. Клечовце (кумановско) – с. Коњух – па кон Куклици (кратовско) Активностите на членовите на КПС „Македон“ се шират и на други полиња освен на планинарењето. Така овој викенд една група уживаше во рафтингот на реката Тара, а една помала група со велосипеди ја истражуваше историјата на кумановскиот регион.
Воден од натписите за знаменитостите на Цоцов Камен ...

|
|
Пирин за Велигден, 2011 За Велигденските празници тричлена група од нашиот клуб беше на планината Пирин во Бугарија. Виктор, Дуле и Иван извршија вистински напад на највисоките врвови на оваа прекрасна планина, во еден ден Вихрен, Тодорка и Дамјаница, следниот ден и Каменица. Прав зимски тренинг.
Погледнете некои од фотографиите..

|
|
|
Пожарско, Време за рапорт : ) Викендот 26/27 Март, 2011 бевме во Пожарско (Егејска Македонија) да го качиме Кајмакчалан (2524m) од грчката страна на границата и да уживаме во термалните бањи по кои е познат овој регион. На оваа тура појдовме Искра, Жаки, Цаци, Кате, Зоки, Аце, Иван, Мартин и јас ...

|
|
Остри врв 28.02.2011
Избор фотографии од искачувањето, од Дуле. Понатаму здравје, следува и извештај.

|
|
|
|
 |
|
|
 |