|
Наместо првомајска скара
Кога во еден сончев убав ден од својата тераса, улица или канцеларија ќе погледнете кон Шар Планина здивот ви го одзема еден прекрасен пирамидален врв. Го задржува секој поглед и едноставно привлекува. Тоа е Љуботен со своите 2499 мнв. Така не привлече и мене, Емилија, Петар и уште неколку љубители на планините. И не згрешивме. Имавме викенд исполнет со планинарење, сонце, чист воздух, прекрасно небо, логорски огин и нови познанства. А исто така не смаеам (а и не сакам) да ги заборавам чорбата од вргањ и шопската салата од Мите! Уживање за сите сетила!
Уживајте преку дел од направените фотографии!
Марија
Фотографии:
Петар
| |