Непал - 2010

Предмет: Посета на споменикот на Димитар Илиевски-Мурато во Непал, на подножјето (4900м.) на Мт.Еверест, и искачување на Ајланд-Пик (6200м.).



Термин:

Рамковен термин: 20 април 2010год. со траење од околу 25 дена. Точен термин ќе се дефинира кога ќе се резервираат авионските карти (за десетина дена - до крајот на март).



Цена: По човек 2500 Евра.

Цената опфаќа:

транспорт Скопје-Истанбул-Скопје (со автобус)

транспорт Истанбул-Катманду-Истанбул (авион)

транспорт Катманду-Лукла-Катманду (авион)

сместување во Катманду (2-3 креветни соби со WЦ и туш

два оброка дневно (појадок и вечера со чај, кафе или безалкохолен пијалок)

сместување на патот од Лукла до споменикот во попатните лоxови и два оброка дневно

такса за влез во национален парк

дозвола за искачување на Ајланд-Пик

сместување во шатори при искачувањето на Ајланд-Пик, храна и пијалоци (чај, кафе, лимонада)

еден носач за двајца учесници (околу 20-22кгр.)



Цената не опфаќа:

лична опрема за планинарење

вреќа и лежалка за спиење

високогорска опрема - гојзерици, дерези, цепин, појас, јумар и сл.

апотека

лекарски надзор

кондициони подготовки



Секој учесник е должен:

да има осигурување

да си ја провери здравствената состојба

да има кондиција за 4-6 часовно пешачење на ден во континуитет од десетина дена

тие што ќе се качуваат на Ајланд-Пик треба да знаат да одат со дерези и да знаат да употребуваат цепин и јумар за движење по фиксирано јаже.



Организатор на Хималаи-2010 е Клубот “Експедиционист” од Скопје, Македонија.

Водач на Хималаи-2010 е Јован Попоски, инструктор-алпинист-водач.

Дополнителни информации на тел. 070 517 472.

Рок за пријавување 25-30 март 2010 год (со уплата на првата сума од 1000 Евра).



Скопје, 19 март 2010 год.


МАИЛИНГ ЛИСТА
на КПС „Македон“

Правилник за организирање акции

10 Корисни совети за планинари почетници