За нас

Ова е официјален вебсајт на Клубот на Планинарски Спортови „Македон“ од Скопје, Македонија.

Основачкото собрание на клубот е одржано на 02.04.2008 год. во салата за состаноци на општина Карпош. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови, без обзир дали се бават рекреативно со планинарски спортови, или активно со намера да постигнат врвни резултати.

Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa. Наш најистакната член е Слободан Јованоски - Боби, член на Македонските Хималајски експедиции од 80-тите години.

Четворица од нашите членови се дел од Планинската спасителна служба при Црвениот крст на град Скопје.

Покрај во Македонската Планинарска Асоцијација, членови сме и на Спортско-качувачката асоцијација и во наредната 2009-та година планираме активно да се вклучиме во официјалните натпревари.

За планинарското образование на своите членови, КПС „Македон“ има формирано посебна комисија која организира предавања и теренски вежби, и тоа предавања после секој втор состанок на клубот, и теренски вежби соодветно со теоретските предавања.

Сите наши членови се осигурани соодветно за планинарскиот спорт со кој се бават: планинарство, алпинизам и спортско качување.

Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци. Членарината за 2008-ма година изнесува 350,00 ден плус осигурување (за планинарство 50,00 денари на годишно ниво, и за алпинизам и спортско качување 180,00 денари на годишно ниво).


Фотографии од Основачкото собрание на КПС „Македон“

МАИЛИНГ ЛИСТА
на КПС „Македон“

Правилник за организирање акции

10 Корисни совети за планинари почетници


Амбасада на Швајцарија во Република Македонија