МИЈАЧИЈА 30-31.08.2008

Е еве и мене ми падна таа чест да напишам неколку реда за наша акција. Немам големи писателски способности, можда ќе згрешам, ќе голтнам некоја буква но се надевам дека ќе успеам да ви ја пренесам убавината која што јас ја видов, убавината која што постои во оваа наша мала но прекрасна земја, убавина која што јас ја откривам на 45 години, за жал.

Но да не ве гушам еве да раскажам како беше. Тргнавме во Сабота рано сабајле со две возила-8 души. Скопје–Тетово-Гостивар–Маврово, застанавме во прекрасниот манастир Јован Бигорски. Мирот кој што го нуди манастирот тешко можам да ви го објаснам, ќе мора сами да го доживеете. Исполнети со мир и со нов еалн продолживме кон селото Ростуше. Ни кажаа дека во селото постои убав водопад.

Селото е планинско, убаво, чисто и има гостопримливи домаќини. Скоро сите домаќини не поканија на кафе. Ги паркиравме возилата и се упативме кон водопадот кој се вика ДУФ. Кон него води патека која е цело време маркирана и осигурана со ограда. По 40 минутно пешечење пред нас се отвори прекрасен поглед на водопад , водопад од кој што јас останав без здив. Бистрата планинска ладна и чиста вода се слеваше кон подножјето од една карпа во која што имаше отвор и имав впечаток како да некој над тој отвор сипува вода. Се сликавме под водопадот со надеж дека ќе успееме да фатиме барем еден дел од оваа прекрасна глетка.

Е сега теребаше да се оделиме од прекрасните водени капки и да продолжиме кон селото Тресонче. До селото води асвалтен пат. Пристигнавме во селото кое за жал беше скоро празно во него во текот на зимскиот период има само 4 жители , но за време на летото има живост. Се сместивме на убава ливада под еден голем орев кој со својата прекрасна крошна ни нудеше ладовина. Се прошетавме до една прекрасна пештера која јас за жал неможам да ви ја опишам затоа што сум кукавица, неможам да влезам во мал темен и тесен простор , но другите влегоа и се сликаа и од сликите кои се на нашиот сајт се надевам дека ќе можете да ја видите.

Под крошната на оревот го направивме нашиот логор од 5 шатори и ги гледавме сјајните ѕвезди на небото. Ги имаше толку многу и толку беа убави. Каде се навечер во овој наш град- мтеропола, се кријат или се срамат од нас и од нашите лоши урбани, современи, навики.

Недела, прекрано утро, се будиш наспан, одморен и орен да запознаеш уште еден дел од твојата земја. Се упативме пешки кон Лазарополе.

Селото е големо со убави стари но очувани куќи. Во селото има убав хотел, има раздвиженост. Лазрополе е поголемо од Тресончево и во него има жители во текот на целата година.

По Лазарополе решивме да продолжиме кон Гари. Игор и Мартин се вратија до Тресонче да ги земат возилата. Селото Гари е всадено во планината како да се стуткало во нејзината прегратка.

Убаво но празно, жално, само 2-ца жители во текот на зимскиот период. Насред село има убава цркава. Убавиот иконостас и фрески кои ги има цркавата треба да се посети и види лично.

Е дојде време за дома. Се упативме кон нашиот главен град со надеж дека повторно ќе го видиме овој дел од нашата мала но богата земја. А батериите полни преполни барем мене.

Поздрав, можда ќе пишам некој друг пат во колку моево нафрлање на зборови ви се допадне.

Анета Алексовска

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

4°C

Охрид

13°C

Тетово

8°C

Велес

10°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе