Пелистер

На 17.10.2008 год. еден дел од членовите од КПС Македон отидоа на Пелистер. Со возот од Скопје до Битола, па со такси до Хотел Молика. По кратко пешачење стигнаа во планинарскиот дом Копанки каде се сместија. Утредента, сабота 18.10.2008 тргнаа кон врвот Пелистер по патеката по Камењарот. По неколку часа пешачење, стигнаа на врвот Пелистер- 2601м. надморска височина со прекрасен поглед кон Големото и Мало Преспанско езеро на западната страна, како и Пелагониската котлина од источната страна. По кратката пауза на врвот, се вратија назад во домот по патеката - Вртешка.

Неделата 19.10.2008 беше направена мала прошетка до местото Јоргов камен, каде се направи една пауза и уживање во природата. Потоа се вратија во домот каде ручаа, се спакуваа и полека се упатија кон Хотел Молика, каде со такси се вратија до Битола. Таму се качија во возот за Скопје.

Игор Јовчевски

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

4°C

Охрид

12°C

Тетово

8°C

Велес

9°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе