Тренинг на Шапка, 02.02.2013

Во саботата беше изведена еднодневна акција на Попова Шапка, во петчлен состав: Алек, Аце, Петар, Дејан и Диме. На истата беше ставен акцент на вежбање на зимски техники. Најпрво направивме сидриште на еден од столбовите на жичарницата кон Церепашина и пробно спуштање на најстрмниот дел од теренот.

Силниот ветар и длабокиот снег, беа главна пречка за успешно реализирање на зацртаните цели во овој дел од тренингот. Остатокот од денот вежбавме поставување на неколку видови сидришта во снег, извлекување, повторување на низа чворови и техники на спуштање.

Акцијата ја завршивме во “Конак” на чај со рум.

Александар Кирковски

Александар Кирковски

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

4°C

Охрид

12°C

Тетово

8°C

Велес

9°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе