ЕЛБРУС 5642 мнв (14 - 22.07.2019)

Искачување на Елбрус 5642м - највисокиот врв во Европа (14.07. - 22.07.2019)

Организатор: Планинарски клуб “Македон“

Број на места: 5

Цена: 1050 евра

Програма:

1 ден. – Поаѓање од Скопје со авион за Мин.Води, потоа со локален превоз до Терскол. 

2 ден. – Пристигнување во Терскол рано наутро, сместување во хотел. Ден за прошетка и одмор.

3 ден. - Искачување со жичара до 3500м и потоа пеш до 4500м. Враќање во Терскол.

4 ден. - Искачување до 3700м и сместување во планинарски дом. Ноќевање.

5 ден. - Аклиматизациско искачување до 5000м и враќање во дом. Ноќевање.

6 ден. - Искачување на врв Елбрус 5642м и враќање во Терскол.

7 - 8 ден. - Резервни денови

9 ден. - Враќање со локален превоз за Мин.Води и авионски за Скопје.

 

 Во цената е вклучено:

-          Авионски превоз од Скопје до Мин.Води и локален превоз во Русија

-          5 ноќи во хотел на база ноќевање со појадок

-          2 ноќевања во планинарски дом на 3700м

-          2 пати користење на жичара од Азау до Мир 3500м

-          Туристичка виза за престој во Русија

-          Организација и водство на акцијата

 

Пријавување:

- Крајниот рок за пријавување е до 20.06.2019 година (или до пополнување на местата)

со уплата на 50% од вкупната сума

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)


Водичи на акцијата: Александар Кирковски 

 

* За искачување на врвот Елбрус 5642м потребна е одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство во летни и зимски услови. Се работи за класична рута и при искачувањето нема минување на карпест и технички терен, но истото трае долго и условите на планината се сурови со ниски температури на голема надморска височина. Организаторот обезбедува планинарски водич со соодветно искуство и подготовка од барем еден степен над наведеното искачување и претходно искуство на Елбрус и слични врвови. Секој учесник е должен во целост да ги почитува инструкциите на планинарскиот водич, а притоа одговара за сопствената психофизичка состојба. Акцијата ќе се реализира доколку во наведениот рок се пријават најмалку 3 учесници.

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе