Триглав 2864 мнв (31.07. - 04.08.2019)

Триглав 2864 мнв - највисокиот врв во Словенија (31.07 - 04.08.2019)

 

Организатор: Планинарски клуб “Македон“

Максимален број на учесници: 7

Цена: 220 евра

Опис: Една од најубавите кружни тури за искачување на врвот Триглав 2864 мнв која започнува и завршува на прекрасното Бохињско Езеро. За време на акцијата се минува низ долината на постглацијалните Триглавски езера, покрај планинарскиот дом Долич, се искачува Триглав преку патека опремена со сајли и скалички, а спуштањето е преку Планика и Водников дом.

 

Програма:

1 ден. – Поаѓање од Скопје во попладневните часови.

2 ден. – Пристигнување на Бохињско Езеро. Искачување до домот на Триглавските езера (1685м). Ноќевање.

3 ден. - Искачување на врвот Триглав 2864 мнв и слегување во Водников дом (1820м). Ноќевање.

4 ден. - Симнување до Бохињско Езеро, време за рекреација на езерото. Ноќевање во Љубљана.

5 ден. - Утринска прошетка низ Љубљана. Поаѓање за Скопје на пладне, пристигање во ноќните часови.

 

Во цената е вклучено:

-          Превоз 

-          2 ноќевања во планинарски домови

-          1 ноќевање во хостел во Љубљана

 -          Организација и водство на акцијата

 

Пријавување: Најдоцна до 05.07.2019 (Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / 070390540 Алек)

* Бројот на учесници е ограничен. 

Водич на акцијата: Александар Кирковски

Секој учесник е должен во целост да ги почитува инструкциите на планинарскиот водич, а притоа одговара за сопствената психофизичка состојба и учествува на сопствена одговорност. Акцијата ќе се реализира доколку во наведениот рок се пријават најмалку 6 учесници.

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе