 |
|
|
|
|
БЕГОВО 2011 - ПРОГРАМА
ФЛАЕР 
| |
|
|
Осогово - Руен(2525) и Царев врв(2085) На 24.05.2011 (вторник), КПС "Македон" изведе еднодневна планинарска акција на планината Осогово. На акцијата учествуваа осум членови од клубот: Виктор, Дуле, Иван, Ирена, Дејан, Аце, Диме и Алек. Во 05:30 часот тргнавме од Скопје према рудникот Саса, а по пат од Кочани го зедовме нашиот домаќин и водич на акцијата, Виктор.

| |
|
|
Караџица - Солунска глава 21-22.05.2011 На 21 и 22 мај 2011 година, група од 14 планинари од КПС "Македон" изведовме дводневна планинарска акција. Акцијата беше поделена на два дела, едниот дел беше одење до планинарско дом Караџица, а другиот дел до Солунска глава. Во саботата (21.05.2011) во 17 часот, од паркингот пред железничката станица во Скопје, со комбе се упативме до Преслап, од каде што продолживме до домот Караџица.

|
|
Мурато, мај 2011 Од 7 до 9 мај 2011 г. група планинари од КПС „Македон“ (Алек, Петар, Александра, Боби, Катерина, Даре, Аце и Искра Д.) учествуваа на традиционалниот марш посветен на Димитар Илиевски – Мурато кој оваа година се одржа по 22-ри пат.
Распоредени во две коли тргнавме за Битола на 7 мај околу 18 часот.

|
|
|
Рафтинг на Тара Продолжениот викенд кој почнуваше со баксуз ден петок 13, 14, 15 и 16 мај, една храбра девојка, Мила, и шест машки, Јас (Бојан), Мартин, Даре, Игор, Петар, и Даме (кој не е член на КПС Македон, меѓутоа одлично се вклопи) решивме да го искористиме за покачување на адреналинот. Во раните утрински часови, околу 07:30 минути, пред олимпискиот базен во Скопје, се собра целата екипа и со две коли (на Даре и Петар кои воедно беа и возачи) тргнавме накај Босна и Херцеговина, преку Србија ( Краљево, Чачак, Ужице, итн.).

|
|
Шар планина - Кобилица(2528) и Црн врв (2585) На 15.05.2011 (недела) група од пет планинари од КПС "Македон", Дуле, Мартин, Иван, Дејан и Диме, се искачивме на Кобилица и на Црн врв. Стартот беше од село Бродец, прво се искачивме на Кобилица, а потоа и на Црн врв.
Дел од сликите од акцијата се во прилог.

|
|
|
ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА
С. Клечовце (кумановско) – с. Коњух – па кон Куклици (кратовско) Активностите на членовите на КПС „Македон“ се шират и на други полиња освен на планинарењето. Така овој викенд една група уживаше во рафтингот на реката Тара, а една помала група со велосипеди ја истражуваше историјата на кумановскиот регион.
Воден од натписите за знаменитостите на Цоцов Камен ...

|
|
Пирин за Велигден, 2011 За Велигденските празници тричлена група од нашиот клуб беше на планината Пирин во Бугарија. Виктор, Дуле и Иван извршија вистински напад на највисоките врвови на оваа прекрасна планина, во еден ден Вихрен, Тодорка и Дамјаница, следниот ден и Каменица. Прав зимски тренинг.
Погледнете некои од фотографиите..

|
|
|
Пожарско, Време за рапорт : ) Викендот 26/27 Март, 2011 бевме во Пожарско (Егејска Македонија) да го качиме Кајмакчалан (2524m) од грчката страна на границата и да уживаме во термалните бањи по кои е познат овој регион. На оваа тура појдовме Искра, Жаки, Цаци, Кате, Зоки, Аце, Иван, Мартин и јас ...

|
|
Остри врв 28.02.2011
Избор фотографии од искачувањето, од Дуле. Понатаму здравје, следува и извештај.

|
|
|
Аконкагва 6963 мнв
...од дневникот на Илина Иле и Илина стигнаа Во Мендоза на 18.01.2011 со нови цели и предизвици.
На 21 веќе заминавме на тренинг и аклиматизација на масивот Cordon del Plata, во близина на Мендоза. На оваа планина поминавме 6 дена и го искачивме врвот Vallesitos 5500 мнв...

|
|
Китка, 13 февруари 2011 Одлична прошетка недалеку од Скопје. Во неа 11 учесника, расположени за разговор и смеа, најповеќе благодареќи на Урош и Пепи кои што прв пат не дружеа.
На чело на колоната беше Дуле, потоа Диме кој во чекор го следеше, Мартин и Ивана, Кире, Александра, Соња, Пепи,Урош, Петар и Јас.

|
|
|
Меморијален марш „Борис Трајковски“ 2011 Oд Скопје тргнавме во 6 часот со три возила и вкупно 12 учесници од кои 10 членови на Македон: Анета, Макси, Соња, Мила, Петар, Искра, Марија, Аце, Кате, Кирил и двајца можни идни членови - Даниела и Гоце.
Во Штип стигнавме на собирното место пред зградата на Општината каде нe чекаа нов градски автобус и другите учесници на маршот кои заедно со нас беа над шеесетина на број. Со автобусот стигнавме до археолошкиот локалитет Баргала каде што...

|
|
Миленков Камен – 31 јануари 2011 Миленков Камен отсекогаш побудувал пријатни спомени, посебно зимно време. Поради ова, сé одлучивме да го посетиме тоа прекрасно и мистично место. Недела, 07:15 ч, со две коли и 7 луѓе (Мила – организатор, Искра, Дуле, Макси, Димитар, Дејан – Битола и Петар), се упатуваме кон с. Патишка Река. Иако, имавме најави дека е можно по патот до селото да имаме снег, сепак “прогнозерите” не погодија (за наша среќа).

|
|
|
|
 |
|
|
 |