За нас

Ова е официјален вебсајт на Планинарскиот клуб Македон од Скопје, Македонија.

Основачкото собрание на клубот е одржано на 02.04.2008 год. во салата за состаноци на општина Карпош. Целта на клубот е омасовување на планинарството посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови, без разлика дали се занимаваат рекреативно со планинарски спортови или активно со намера да постигнат врвни резултати.

Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa. Наш најистакнат член е Слободан Јованоски – Боби, член на Македонските Хималајски експедиции од 80-тите години.

Во изминатите шест години постоење, членовите на ПК Македон имаат реализирано и поголем број на искачувања надвор од границите на Македонија и тоа: Мон Блан во неколку наврати, Елбрус на Кавказ, Матерхорн, Аконкагва, Ајланд Пик, Ленин Пик и други.

За планинарското образование на своите членови, ПК Македон има формирано посебна комисија која организира предавања и теренски вежби, и тоа предавања после секој втор состанок на клубот, и теренски вежби соодветно со теоретските предавања.

Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци. Членарината за 2024 година изнесува 800,00 денари и потребно е да се уплати на клубската жиро-сметка на NLB Банка: 210 0635 3550 0109

Извршен одбор

Душко Петрушевски 078 310 552 Претседател
Петар Ивановски 075 322 059 Секретар
Хелена Андонова
Стоилко Стоицев
Кире Мирчовски

Надзорен одбор

Драгана Урумовска
Маја Волчевска
Александар Стојановски
  • Vrsnik Step Marketi Velo Helo Bonita Scout Nomad Mobility Alga San Stop&Go